Вести
Главно мени
Вести
За Нона
Дискографија
Награди
Настапи
Фотографии
Аудио
Видео
Идол
Контакт
Најава/одјава





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Три во едно на Ноне по рекламна цена
14.05.2009.
 

Новиот албум на Ноне насловен како Три во едно кој ги содржи нејзините најголеми хитови од претходните два албума, плус бонус од пет неиздадени фестивалски песни на Ноне повторно е во продажба. Вториот трираж на бест оф изданието на некогашната Идол финалистка е испечатен и веќе пуштен на дискографскиот пазар во Македонија и може да се набави на сите поважни продажни места и киосци. Нејзините продуценти - Премиер продукција, кои вооедно се и издавачи на ова издание по повод пет годишнината од постоењето на оваа продуцентска куќа решија вториот тираж од ЦД-то на Ноне 3 во 1 да се продава по рекламна цена од само 60 денари. Иако со оваа цена практично се покриваат само трошоците за печатење и дистрибуција и нема никаква заработка, Ноне и нејзината продукција повлекоа ваков потег за што повеќе да им ја доближат македонската музика на домашните слушатели, до која во време на општата рецесија и криза се потешко се доаѓа, зошто дури и цената од 100, 150, 200... денари за ЦД станува прескапа за оние кои навистина сакаат да го имаат албумот на Ноне со нејзините најголеми хитови во својата дискографска колекција.

Во меѓувреме македонската Идол ладѕ продолжува со своите настапи на кои ги промовира песните од новото ЦД, но и пеејќи ја споделува својата хуманост со оние на кои таа им е најпотребна.

Така таа утревечер, петок 15.05.2009 год. заедно со ДНК и Роберт Билбилов ќе настапи на новонаправениот плоштад во скопска Автокоманда, на манифестацијата за децата од општина Гази Баба. Другиот ден, сабота 16.05.2009 год. Ноне ќе има свој настап во Охрид, додека во недела на 17.05.2009 год. ќе им се приклучи на Памперс, Паркети, Маја Панчева, Панки... и уште неколкумина од своите колеги од македонската естрада, настапувајќи во Битола, во дискотеката Инфинити на хиуманитарниот концерт во организација на Првата детска амбасада во Македонија за децата со оштетен вид. 
 

 

 
Ноне повторно на Идол
7.04.2009.

 

 

Како што е веќе познато во деновите на одржувањето на големите концерти на музичкото талент шоу Music Idol во Софија, на секој настап предвидено е да гостува по една голема музичка ѕвезда од Бугарија, Србија и Македонија. Така , откако ги видовме настапите на бугарски те ѕвезди Ивана, Глорија, Анелија, и српската фолк мега-ѕвезда Лепа Брена, полека доаѓа редот и на македонските претставници.

Прва која ќе има чест да го скрши мразот ќе биде нашата финалистка во Музичкиот идол од 2005 година, Ноне Неделковска, која меѓу многуте таленти од Србија, Црна Гора и Македонија, дотурка до самото финале и за влакно не победи. Сепак, таа единствена од сите тогашни учесници изгради успешна музичка кариера во која за 4 години издаде три албуми, сними 12 видео-спота, настапи 10-ина пати на најреномираните домашни фестивали како и на најзначајните забавно-музички фестивали на бившите ЈУ-простори од кои на два ја освои и Гранд При наградата. Со тоа стана една од најпопуларните поп-ѕвезди на домашната сцена, но и една од најбараните кога се во прашање настапите по ноќните клубови и дискотеките низ Македонија.

Што се однесува до гостувањето на Музичкиот идол, вадењето на бугарските визи веќе е во процедура и се чека само потврдата на точните датуми од страна на организаторот по што бугарскиот и домашниот ТВ аудиториум ќе може повторно да ја види и слушне Ноне на Идол!

Додека деновиве на дискографскиот пазар се подготвува да се појави и вториот тираж од нејзиниот Бест оф  албум 3 во 1, новиот хит на Ноне, обработка на песната Доволно луд интезивно се врти во македонскиот радиски етер, а видео-референцата за етно-римејкот на народната Бело лице љубам јас по ТВ станиците низ Македонија и соседството.

Во меѓувреме, Ноне продолжува со својата концертна активност, па така веќе овој петок таа ќе настапи во скопската дискотека Ас , а веќе следната недела ќе биде специјален гостин на велигденските концерти низ Македонија на мега-популарниот црногорски пејач Бојан Маровиќ.



 

 

 
Доволно луд на Ноне во радискиот етер
4.03.2009.

 

Од денес во македонскиот радиски етер слушателите ќе можат да ја слушнат новата верзија на големиот хит Доволно луд на Лидија Кочовска, кој таа го испеа на еден од првите фестивали на забавна музика Охридски трубадури.

Овој пат песната чиј автори се Данијел Поповиќ (музика) и Огнен Неделковски (текст), спакувана во денс -ритам и нов аранжман, ја препеа  Ноне.

Таа  истата ја пееше во 2005 година токму  на финалната вечер на големото интернационално музичко шоу Идол, со кое и започна нејзината кариера,  а оттогаш многу често ја изведува и на своите настапи. Новиот аранжман за Доволно луд овој пат го направи Славиша Киброски, а дел од живите инструменти ги свиреа членовите на Скандал бенд од шоуто Опуштено на Тони Михајловски, додека придружните вокали ги отпеа Андријана Јаневска, а виолините ги свиреше Гокса.

Поводот за снимање  на песната е повторната актуелност на големото шоу Музички Идол во кое и овој пат ќе се појават неколку македонски таленти, а од кое произлезе и македонската поп-ѕвезда Ноне Неделковска и во кое не е исклучено нејзиното појавување како специјален гостин.

Во меѓувреме Ноне подготвува уште една нова песна која е авторско дело на двоецот: Хари Котларовски - Кристијан Габроски и е истата онаа со која македонската џебна венера требаше да настапи на годинешниов домашен избор на песна за Евровизија 2009, но во последен момент таа го откажа своето учество.
 

 

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 4 од 35
Themes and Templates by Gacik Design 2007